Почитувани клиенти/колеги,

Сакам да ве известам дека нашата фирма НЕТАМ ќе престане со производство на кревети од 1 Септември 2017. Последните нарачки за кревети ќе се примаат до 31.07.2017 и испораките ќе се прават кон крајот на Август. Душеците и понатака ќе ги произведуваме.

Воедно нашите вработени од душеци/кревети ќе бидат на одмор од 05.08.2017-21.08.2017 така да ве замолувам планирајте си околу нарачките и потребата за кревети или душеци бидејќи рокот на испорака ќе биде зголемен од стандардниот рок во овој период.

Одлуката за престанување на производство на кревети ја донесовме поради преориентирање на нашето производство во изработка на душеци и навлаки за душеци за извоз, инвестирање на финансиски средства во реорганизација на производствени капацитети и неможноста да најдеме соодветен кадар во делот со креветите. Доколку во иднина донесеме одлука повторно да произведуваме кревети ќе бидете навремено известени. Секогаш сме тука да ви дадеме совет пред да купите душек каков тип на подлога е соодветен за вашиот душек.

Сакам да знаете дека сите обврски превземени према вас во поглед на гаранцијата остануваат се до нивната важност. Ви стоиме на располагање јас и моите колеги од салонот во Центар.

Ви благодарам на укажаната доверба досега и се надевам дека и понатаму ќе ни ја укажувате препознавајќи го нашиот квалитет.


Со Почит,

Бојан Коцевски
Директор – Душеци и Кревети