ТОП КИНГ

Со меѓусебното делување на трите висококвалитетни џепести јадра постигнати се многу подобри еластични својства на душекот, а со самото тоа и многу покомпактна и поудобна положба на телото при спиењето. Повеќеслојното јадро на овој душек се состои од едно централно џепесто цилиндрично јадро и од две мини џепести јадра кои се прицврстени за централното цилиндрично јадро. Top King душекот содржи над 2400 пружини/m2 што овозможува исправна анатомска положба при спиење, а со самото тоа и рамномерно ја распоредува тежината. Горните мини џепести јадра на овој душек му даваат извонредна површинска мекост, додека централното џепесто јадро правилно го потпира телото при спиење. Помеѓу мини-џепестите јадра и централното џепесто цилиндрично јадро како протектор се наоѓа термофиксиран ПЕС филц со определена густина што овозможува идеално прилагодување на двете жичани јадра. Како горни површини на овој душек се користи HR пена (високо еластична пена на база на вода, прозрачна со отворени ќелии) што го прават овој душек високо квалитетен. Посебно за овој душек е избрана ткаенина за навлаки Silver Care. Линијата Silver Care, која покрај сите позитивни карактеристики на овој душек овозможува и комплетен одмор при спиењето. Имено, душекот преку навлаката делува на телото на тој начин што го ослободува од негативна енергија, напнатоста и стресот насобран во текот на денот. Височината на душекот изнесува 30 цм.

ТОП КИНГ