НЕТАМ ДОО Драган и др. во соработка со ФИТР, во рамки на иновациски ваучер уште еднаш покажaа дека соработката со научните институции резултира со развој на новитет и иновативни производи.
На основа од спроведените лабораториски испитувања на текстилен отпад преработен за да се користи како звучна изолација и акустика за потребите на НЕТАМ ДОО Драган и др., развиен е нов и подобрен иновативен производ во соработка со Лабораторија за градежни производи, материјали и конструкции, Оддел за изолациони материјали, керамика, градежна физика и хемија при Градежениот факултет во Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“). Со тоа продолжува успешната соработка на Нетам со стручните лица и лабораториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, благодареќи на несебичната подршка од Фондот за иновации и технолошки развој - Скопје
Следете не на