Нетам ДОО започна со реализација на проектот „Изработка на изолациони градежни материјали од текстилен отпад“ - Инструмент за поддршка - Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста од ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ. Овие денови отпочнуваат подготвителните активности за реализација на овој прект кој покрај големото економско и развојно значење за нашата компанија има и голема еколошка димензија. Имено со реализација на овој прект ќе се справиме со отпадот од една индустриска гранка кој не бил досега правилно третиран.